Малолетник фатен на дело додека крадел

0
46

Малолотник бил уапсен откако е фатен на дело додека краде во угостителски објект во Скопје. Кај малолетникот се пронајдени предмети од кривичното дело и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

„Денеска (25.11.2020) во 03.20 часот полициски службеници од ЕВР ОКР Аеродром и Драчево лишија од слобода малолетник, кој бил фатен на лице место приизвршување на кривично дело „тешка кражба” во угостителски објекти на бул. „АСНОМ”” информираат од полиција.