Малолетник тешко повреден откако работна машина удрила во бетонски ѕид во Битола

0
56

Во попладневните часови на 3 септември во битолската полиција било пријавено дека на улицата „Панде Илковски“ се случил инцидент во кој тешко повреден бил 16-годишник.

Според пријавеното, Е.К.(19) од Битола управувајќи работна машина „аран“, удрил во бетонски ѕид и ограда од куќа. Притоа, со тешки повреди се здобил 16-годишен битолчанец, кој бил сопатник во работната машина.

Малолетникот бил веднаш пренесен во Клиничката болница Битола, а увид на местото на настанот изршила екипа од СВР Битола.