Манчестер јунајтед се израмнија со Ливерпул на челната позиција во Премиер лигата

0
37

Манчестер јунајтед славеа со 2:1 против Астон Вила и се израмнија на челната позиција во Премиер лигата, со екипата Ливерпул. Двата тима сега имаат по 33 бода.

Јунајтед и Вила одиграа одличен натпревар кој на крајот го реши Бруно Фернадеш од белата точка.

„Црвените ѓаволи“ стекнаа предност со голот на Марсијал, кој ја искористи лошата реакција на Мингс во 40.минута. Вила израмнија во 58.минута преку Бертран Траоре.

Три минути подоцна невнимателен старт врз Погба, судијата покажа на белата точка, а сигурен реализатор беше Фернандеш. Португалецот го реализираше деветтиот пенал од доаѓањето на „Олд Трафорд“.

По голот на Фернандеш, Вила не реалзира две добри шанси преку Мингс и Кеш. Домаќинот можеше да постигне трет голе во 88.минута, но шутот на Џејмс заврш крај голот.