Манчестер јунајтед се намачи за да ги мине Лутон!

0
267

Разочарувачкиот старт на новата сезона на Манчестер јунајтед продолжи и во третото коло на Карабао купот (англискиот лига куп), откако тимот на Оле Гунар Солскјер се намачи да стигне до 3:0 победа над Лутон таун.

„Ѓаволите“ стигнаа во водство во 44. минута од мечот со гол од пенал на Хуан Мата, по што во второто полувреме имаше периоди во кои второлигашот имаше 70 отсто од поседот на топката. Сепак, на крајот победата беше осигурана кога замените Мејсон Гринвуд и Маркус Рашфорд во 88. минута имаа одлична акција за 2:0, за во 93. минута Гринвуд да ги постави конечните 3:0.

Толку среќа немаше новиот премиерлигаш, Вест Бромвич Албион, кој загуби на пенали од второлигашот Брентфорд, додека Вест хем, без тренерот Дејвид Мојс и двајца првотимци поради позитивниот тест на корона вирус, стигна до 5:1 победа над Хал.

КАРАБАО КУП, 1/32 ФИНАЛЕ

Њупорт – Вотфорд 3:1

Вест Бромвич Албион – Брентфорд 2:2, 4:5 пен.

Вест Хем – Хал 5:1

Лутон – Манчестер јунајтед 0:3