Маж пронајден починат со повреда на главата

409

Скопјанец на возраст од 84 години, синоќа бил пронајден починат на улицата Ѓорѓи Сугаре.

Полициските службеници констатирале дека мажот имал повреда на главата.

Телото го пронашло синот на починатиот и по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.