Мексико стана трета земја во светот по бројот на починати од коронавирус

453

Мексико стана трета земја со најмногу смртни случаи од коронавирус.

Земјата синоќа ја помина границата од 46.000 починати, јавува агенцијата Франс прес врз основа на официјалните податоци.

Со тоа, Мексико веќе бележи поголема бројка на смртност од Велика Британија.

Двете земји најтешко погодени од бројот на починати се САД со 151.496 смртни случаи и Бразил со 90.134 смртни случаи.