Меси се збогуваше со Касилјас: Беше многу тежок противник

0
77

Лионел Меси беше еден од многуте фудбалери кои се простија со Икер Касилјас, откако легендарниот шпански голман вчера ја потврди пензијата на 39 години.

Касилјас во кариерата освои 24 трофеи, од кои пет титули од Ла лига, четири од Лигата на шампионите, две Европски првенства и едно Светско првенство. Касилјас имаше срцев напад пред една година и си замина со уште еден трофеј со Порто, кога ја победија Бенфика во Португалскиот куп, а капитенот Данило Переира го качи на подиумот.

Меси, кој му даде многу голови во „Ел класико“, прати одлична порака до него.

„Икер се повлекува, но тој одамна влезе во историјата на фудбалот. Не само бидејќи беше репер во Ла лига, туку поради тоа што го направи на сите полиња. Ти си спектакуларен голман и некој кој беше многу тежок противник. Сепак, мислам дека се работеше за убаво ривалство и уживав секогаш кога игравме еден против друг“, вели Меси во изјава за „АС“.