Mицкоски бара оставки: „Умираат дневно повеќе луѓе отколку во Втората светска војна“

0
43

Баталете ги дневнополитичките мешетарења, Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети, пишува опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи.

„Излезете надвор од стаклената кутија што самите ја создавате, излезете надвор и чујте го плачот на народот. Прекинете со парадерските прес-конференции и решавајте проблеми. Денес, во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес, со оваа неспособна власт бројката е од 30 до 40 луѓе дневно“, вели Мицкоски.

Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети.

Излезете…

Posted by Hristijan Mickoski on Monday, November 23, 2020

Тој порача дека премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, треба да поднесат оставки бидејќи така повеќе луѓе би биле спасени.