Минимален триумф на Сити во Шефилд

0
34

Фудбалерите на Манчестер сити победија во Шефилд на отворањето на седмото коло, во Премиер лигата. „Граѓаните“ победија со единствениот гол кој го постигна Кајл Вокер во 28.минута.

Манчестер сити и на овој натпревар играше без класичен напаѓач, Агуеро и Жесус се повредени, што г покажува и конечниот резултат.

Сити доминираа во текот на целиот натпревар, создадоа неколку добри шанси (Феран Торес, Стерлинг, Марез), но само една топка заврши во мрежата на Шефилд Јунајтед.

Вокер со прецизен удар од 20 метри го совлада голманот на Шефилд Јунајтед.

Сити со оваа победа, од шест одиграни натпревари, дојде до 11 поен во Премиер лигата.