Младо момче загина во сообраќајна несреќа кај Кратово, повредени се четири лица

0
79

Младо момче загина во сообраќајна несреќа. Имено, момче на возраст од 22-години почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат од селото Железница кон селото Крилатица во Кратово.

Во несреќата учествувале возило управувано од С.С.(22) од Кратово и патничко моторно управувано од М.Д.(29) од селото Талашманци,кратовско.

-Во незгодата на лице место починал возачот С.С., додека сопатниците од истото возило Г.Г.(33), Д.В.(24) двајцата од с.Железница и Ф.М.(27) од Кратово, заедно со возачот на другото возило М.Д. биле пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош, при што на М.Д. му биле констатирани тешки телсени повреди, информираат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Куманово.

Се работи на расчистување на случајот.