Мотоциклист повреден во сообраќајка во Скопје

0
68

Вчера во 12.00 часот на ул.„Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу „ауди А3“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(39) од Скопје и мотоцикл „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(41) од Скопје.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје