Мотоциклист тешко повреден откако паднал на булеварот Александар Македонски

0
28

Вчера во 15:00 часот било пријавено дека на бул. Александар Македонски во Скопје, мопед „пиаџио“, со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Б.(24) од Скопје, паднал на коловозот.

Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.