МВР: 339 санкционирани возачи во Скопје

0
241

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 14, 33 санкционирани мотоциклисти и едно одземено партничко возило, 63 мерки за непрописно паркирани возила и 50 возила подигнати со пајак (вкупно 113), а изречени се и 47 санкции за неносење на заштитна маска, истакнуваат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.