На инфективните одделенија во земјата се лекуваат 911 пациенти

0
50

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 536 пациенти позитивни и суспектни на коронвирусот. По извештаите на болниците што пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 35 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 21 пациент, во Велес се лекуваат 27 болни, а во Куманово – 80 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп – 66, во ковид-центарот во Гостивар – 27, а во Струга – 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 51 пациент, во Кочани – 26 во Кичево – 11, во Кавадарци – 27, во Гевгелија – 12 лица, а во Дебар – 12 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 911 и има речиси 500 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба, одделенијата ќе бидат дополнително проширени.