На патот кон кумановско Лопате најдени 5 рачни бомби

0
26

На стариот пат кон село Лопате, кумановско, биле пронајдени пет бомби-кашикари како и две рамки за автоматска пушка, соопшти денеска полицијата.

-Бомбите и рамките најверојатно потекнуваат од конфликтот од 2001 година. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а бомбите се подигнати од служба од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, се наведува во информацијата.