На патот Прилеп – Битола почина маж кој со „томос“ удрил во столб

352

Во попладневните часови на 21 септември на регионалниот пат Прилеп – Битола мопед „томос” без регистарски ознаки, управуван од 66-годишниот Д.Н. од Прилеп, изгубил контрола и удрил во столб.

Во незгодата, возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршила екипа од прилепската полиција.