На скопјанец му се запалил „Мерцедесoт“ додека го возел

0
93

Возило „Mерцедес“ со скопски регистарски таблички целосно изгорело во несреќата што се случила на регионалниот пат Дебар – Струга. Полицијата сооопшти дека возачот и неговиот сопатник на време излегле од возилото со што нема повредени лица.

-Вчера околу 13 часот, во близина на дебарското село Отишани, опожарен е патнички автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од С.И.(47) од Скопје. Пожарот се појавил во текот на управување, во предниот дел на возилото по што возачот веднаш го сопрел возилот и со сопатникот М.Р.(29) од Скопје, го напуштиле автомобилот кој, набрзо целосно изгорел – информира полицијата.