На Вархеји работа му било да е оптимистичен за членство во ЕУ: Кажавте 2030 година, може да биде порано, може да е подоцна

65

Македонија со години добива датум од Брисел кога ќе се дадел датумот да се фати кваката од влезната врата на ЕУ. За датум прозбори денеска и еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји. Тој среде Скопје искажа оптимизам за зачленувањети на Македонија и ја прокоментира надежтта на Владата за 2030-та година.

Комесарот, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во Скопје со премиерот Димитар Ковачевски и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, истакна дека тој е секогаш оптимистичен во однос на членството во ЕУ, бидејќи тоа е всушност неговата работа.

-Како прво секогаш сум оптимистичен за членство во ЕУ. Тоа ми е дел од описот на работното место. Одговорот е да. Апсолутно сум оптимист. Кажавте 2030 година, тоа јас не можам да го кажам, може да биде порано, може да биде подоцна. Се зависи од испораката на реформите од страна на Северна Македонија. Ние од наша страна сметам дека дадовме многу јасни и силни сигнали, ако ги погледнете дискусиите на нашите шефови на влади и држави изминатите години ќе видите дека проширувањето е приоритет за нашите лидери и за ЕУ, рече Вархеји.

Познато е, премиерот Ковачевски во септември минатата година за првпат соопшти дека очекува Македонија да стена членка на ЕУ до 2030 година. Денеска, во своето обраќање на почетокот на 16-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација што се одржува денеска во Скопје тој рече дека тоа се уште е цел.

-Со реформската агенда и забрзување на процесот на преговори, Владата има цел земјава до крајот на 2030 година да биде целосно подготвена за преземање на обврските од членството во Европската Унија, рече тој.

Еврокомесарот Вархеји нагласи дека доколку Македонија испорача и ги исполни условите за влез во ЕУ ќе има позитивни одлуки од страна на ЕУ. 

Остана само недообјаснето уште колку услови за влез треба да се исполнат и ќе се додаваат ли нови.