Најдобар почеток на Милан во последните 66 години

0
47

Фудбалскиот клуб Милан брилијантно стартува во новата сезона. Малобројни се фановите кои воопшто може да се сетат кога Милан последен пат вака фуриозно отвориле една сезона.

Милан освои 26 бода во првите десет кола. Нема пораз, двапати играл нерешено и забележал осум победи. Последната ја запишаа синоќа на „Мараси“ во Џенова против Сампдорија.

Подобар старт во сезоната Милан имаше пред речиси 70 години. Во сезоната 1954/1955 клубот од „Сан Сиро“ победил на девет натпревари и еднаш играл нерешено во првите десет кола во Серија А.