Најдобриот Ерменец нема да игра против Македонија

390

Хенрик Мхитаријан не е повикан во репрезентацијата на Ерменија за првите два натпревара во Ц-сегментот во Лигата на нациите против Македонија и Естонија на 5 и 8 септември. Мхитаријан од новиот селектор Хоакин Капарос побарал да го изостави од списокот бидејќи го нема решено клупскиот статус.

Михитаријан е фудбалер на Арсенал, кој минатата сезона ја мина на заем во Рома. Тој има желба да остане во Рим, меѓутоа барем засега клубовите не може да се договорат за обесштетувањето.

Селекторот на Ерменија, Капарос, кој ќе дебитира на функцијата, за дуелите со Македонија и Естонија повика 21 фудбалер. На спискот се наоѓаат и поранешните фудбалери на Вардар, Хофханес Хамбарџумјан и Тигран Барсегјан.

Голмани: Давид Јурченко, Анатоли Ајвазов, Арсен Беларијан

Одбрана: Хофханес Хамбарџумјан, Камо Хофханисијан, Арман Хофханисијан, Вараздат Харојан, Андре Калисир, Сероб Григоријан, Тарон Восканијан

Среден ред: Едгар Бабајан, Аршак Коријан, Корен Бајрамијан, Тигран Барсегјан, Вахан Бичакчијан, Артак Григоријан, Ангуло Вбеимар, Артур Григоријан, Соломо Удо

Напад: Александре Карапетијан, Норберто Бриаско Балекија