НБРСМ: Дозволата на „Еуростандард банка“ е укината на 12 август

0
72

Народната банка информира дека документот кој се споделува во социјалните медиуми во однос на датумот на укинување на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“, не е документсо којшто се укинува дозволата за основање и работење на банката. Во документот што се споделува на социјалните режи, стои 1 јуни 2020 година.

„ Со цел правилно информирање на јавноста во однос на датумот на укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје, повторно укажуваме дека дозволата е укината со Решението бр. 15-20139/1 од 12 август 2020 година.

Решението бр.15-14082/1 од 1 јуни 2020 година, коешто се споделува на социјалните мрежи со штембил на „Еуростандард банка“ АД Скопје, не е документ со којшто се укинува дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје. Со ова решение, на Банката, согласно со Законот за банките ѝ беше повлечена согласноста за извршување само на одреден вид финансиски активности – тргување со хартии од вредност во странство, финансиски деривати и сл., за коишто не ги исполнуваше посебните законски услови за да ги извршува. За истото беше информиран и регулаторот на пазарот на капитал“ соопшти НБРСМ.