Не се намалуваат бројките во Украина – дури 2.723 заразени во еден ден

0
49

Украина пријави рекорден број новозаразени со коронавирус за еден ден – 2.723, соопштија властите.

Претходниот ден беа пријавени 2.495 случаи на коронавирус, потсетува „Ројтерс“.

Украина забрани влез на странски државјани во земјата до 28 септември и ги продолжи строгите епидемиолошки мерки до крајот на октомври, со цел да се намали големиот број на нови случаи на инфекција.