Неексплодирана граната пронајдена во нива во битолско село

334

Неексплодирана граната била пронајдена во нива во битолското село Кременица.

Според информациите на МВР, вчера Д. Т. (59) од с. Кременица пријавил во полиција дека во нива во негова сопственост пронашол неексплодирана граната во калибар 75 мм.

Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување пронајдената експлозивна направа била подигната за понатамошна постапка.