Невработеноста во Велика Британија се зголеми за повеќе од четири проценти во јули

0
248

Невработеноста во Велика Британија се зголеми за повеќе од четири проценти во јули, како резултат на економските последици од пандемијата, покажуваат официјалните податоци.

Процентот се искачи на 4,1 во трите месеци до крајот на јули од 3,9 отсто во претходниот квартал, според Службата за национална статистика.

Бројот на луѓе кои бараа надоместоци за невработеност во август беше 2,7 милиони, што е 120,8 проценти во споредба со март, кога Велика Британија беше блокирана поради вирусот.Во државата се затворени 695.000 работни места од март досега.