Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

391

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 39, Куманово – 10, Штип – 23, Прилеп – 1, Тетово – 8, Струга  -6, Битола – 3, Охрид – 2, Гостивар – 13, Крива Паланка – 2, Кочани – 3, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 3, Македонски Брод – 3, Берово – 1, Виница – 3, Кратово – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 18.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 161 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 60, Куманово – 7, Прилеп – 4, Тетово – 3, Струга – 15, Велес – 1, Охрид – 3, Кавадарци – 7, Гостивар – 35, Радовиш – 1, Крушево – 2, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 1, Кратово – 2, Свети Николе – 13, Кичево – 5, Ресен – 1.

Почината е една пациентка од Скопје (51) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.083, бројката на оздравени пациенти е 8.248, на починати е 529, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.306. Според завршените епидемиолошки анализи во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5.207, активни 1.157
• Куманово 1.173, активни 266
• Дебар 219, активни 128
• Штип 988, активни 342
• Прилеп 346, активни 38
• Тетово 1.099, активни 175
• Струга 485, активни 151
• Велес 238, активни 26
• Битола 169, активни 76
• Охрид 301, активни 75
• Кавадарци 126, активни 97
• Гостивар 585, активни 285
• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 41, активни 25
• Крива Паланка 29, активни 15
• Радовиш 36, активни 11
• Крушево 16, активни 3
• Кочани 115, активни 26
• Пробиштип 64, активни 18
• Демир Хисар 47, активни 33
• Македонски Брод 55, активни 42
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 9, активни 5
• Валандово 7, активни 1
• Виница 36, активни 32
• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 3
• Свети Николе 244, активни 103
• Кичево 219, активни 133
• Ресен 146, активни 11
• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.885 теста се преку: ИЈЗ – 814, ЦЈЗ Скопје – 24, „Авицена“ – 161, „Биотек“ – 202, МАНУ – 128, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 191, „Систина“ со PCR-метода – 255, Судска медицина – 8, ЦЈЗ Битола – 68, Инфективна клиника – 24, ГАК – 10. Досега во земјата се направени вкупно 117.475 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 25 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот и 1 пациент суспектен на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 86 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 31, а во болницата во Штип хоспитализирани се 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга се хоспитализирани 127 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.