Нови 37 заболени и четворица починати од Ковид-19 во земјата

351

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 20, Куманово – 3, Штип – 1, Тетово – 3, Струга – 2, Велес – 1, Охрид – 2, Гостивар – 2, Крива Паланка – 1, Кочани – 2.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 41, Куманово – 34, Штип – 5, Прилеп – 6, Тетово – 13, Велес – 1, Охрид – 3, Кавадарци – 1, Гостивар – 6, Струмица – 2, Кочани – 2, Демир Хисар – 1, Берово – 1, Виница – 4, Свети Николе – 2, Кичево – 8, Неготино – 1.

Починати се 4 лица, пациент од Виница (57), двајца пациенти од Охрид (77 и 57) и еден од Струга (74). Од нив тројца се починати во и еден во вонболнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.827, бројката на оздравени пациенти е 13.315, на починати е 652, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6.326, активни 540
• Куманово 1.605, активни 190
• Дебар 268, активни 35
• Штип 1.205, активни 72
• Прилеп 562, активни 133
• Тетово 1.304, активни 117
• Струга 627, активни 63
• Велес 288, активни 18
• Битола 245, активни 47
• Охрид 395, активни 58
• Кавадарци 202, активни 30
• Гостивар 856, активни 93
• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 103, активни 44
• Крива Паланка 83, активни 38
• Радовиш 52, активни 9
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 189, активни 53
• Пробиштип 95, активни 18
• Демир Хисар 60, активен 1
• Македонски Брод 84, активни 12
• Пехчево 42, активни 27
• Берово 73, активни 30
• Валандово 11, активни 3
• Виница 94, активни 29
• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 5
• Свети Николе 309, активни 19
• Кичево 290, активни 29
• Ресен 153, активни 6
• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 464 теста се преку: ИЈЗ – 182, ЦЈЗ Скопје – 22, „Авицена“ – 0, „Биотек“ – 0, МАНУ – 0, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 128, „Систина“ со PCR метода – 113, лабораторија „Лаор“ – 0, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 0, Инфективна клиника – 10, ГАК – 9, лаборатории од странство – 0. Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на Ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 26 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 14, а во болницата во Штип – 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 147 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 53
• Гази Баба – 73
• Аеродром – 91
• Карпош – 67
• Центар – 71
• Кисела Вода – 56
• Ѓорче Петров – 22
• Бутел – 37
• Шуто Оризари – 12
• Студеничани – 10
• Сарај – 17
• Арачиново – 9
• Илинден – 10
• Сопиште – 2
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределен – 0