Од 80 увезени случаи на коронавирус во Словенија, 64 се од Хрватска, соопштија здравствените власти.
Владата им препорачува на своите граѓани што поскоро да се вратат од летниот одмор во соседната земја, а во спротивно ќе одат во карантин.
Конечната одлука за воведување на карантин за словенечките туристи кои се враќаат од Хрватска треба да ја донесе владата во четврток, но голема е веројатноста рокот за нивно враќање без да заминат во изолација да истече на полноќ во сабота или недела, јавуваат словенечките медиуми.
Владиниот портпарол Јелко Кацин предложи во вторникот вечерта Словенците да ги поминат своите лета во Истра, која според словенечките критериуми е во „зелената“ зона за разлика од другите хрватски делови. Тие би можеле да бидат ослободени од карантин.
Во последните 24 часа потврдени се 37 нови случаи во Словенија, што е десет повеќе од претходниот ден, пренесува Хина.
Од почетокот на епидемијата, вкупно 2.493 луѓе се заразени со коронавирусот, а 139 починаа.
Во Словенија моментно има 285 заразени, од кои најмногу во Љубљана – 80