Обвинение за разбојник кој извршил пет тешки кражби на периферијата од Скопје

0
38

Скопското основно јавно обвинителство покрена обвинение против едно лице за сторени пет тешки кражби.

Обвинетиот 37-годишник, на 11 октомври, од угостителски објект во населба Илинден, одзел четири пластични гајби во вкупна вредност од 1.600 денари.

На 22 ноември, пак, од викенд куќа на стариот пат за село Брњарци, со провалување одзел телевизор „Сони“ вреден 18.000 денари.

Следниот ден, од две викенд куќи во населбата Дрма, истото лице одзело повеќе предмети во вкупна вредност од 12.500 денари.

На 24 минатиот месец, разбојникот ја прескокнал жичената ограда од овоштарник во Петровец и одзел предмети вредни 6.000 денари.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.​