Обвинение за скопјанец кој ограбувал маркети

0
37

Скопското обвинителство поднесе обвинение против едно лице за разбојништво и кражба во три маркети.

Обвинетиот 31-годишен скопјанец на 19 февруари влегол во супермаркет на улицата 11 Октомври и со употреба на огнено оружје се заканил на една вработена со зборовите: „Дај ги парите, ќе те убијам“. Пиштолот го вперил во неа, ја отворил касата и го извадил пластичниот дел од касата. Во тој момент оштетената му се спротивставила и му ја тргнала медицинската маска која обвинетиот ја носел на лицето, по што тој ја турнал на подот и избегал.

Против истото лице поднесен е и обвинителен предлог за две кривични дела кражба. На 17 јануари обвинетиот од маркет на улицата 50. дивизија одзел 27.500 денари. Искористувајќи го невниманието на една вработена, тој се приближил до касата, ги украл парите и избегал. Од истиот маркет, на истиот начин, на 16 јуни годинава одзел уште 52.500 денари.

Надлежниот јавен обвинител  поднесе до Основниот кривичен суд Скопје  предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.