Од коронавирус починале 800 лица во Македонија од почетокот на пандемијата

0
43

Бројот на починати од коронавирус во Македонија достигна 800 лица, откако вчера беа потврдени уште 3 смртни случаи.

Последните тројца пациенти се починати во болнички услови и станува збор за лица на 48, 78 и 68-годишна возраст.

Според податоците, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, а бројката на оздравени пациенти е 16.397.

Во моментот бројот на активни случаи изнесува 3.996, од кои 1.802 во Скопје, 260 во Струмица, 222 во Тетово,  Кочани -213, и по над 100 заразени во Куманово, Прилеп, Штип и Делчево.

Во Скопје најмногу заразени има во Аеродром (338), Центар (328) и Карпош (317).