Охридската полиција со засилени контроли против нелегалната сеча на шумите

0
43

Со цел спречување на казнени дела поврзани со нелегална сеча на шуми, пустошење на шуми и нелегална трговија со дрвна маса, СВР Охрид, самостојно и во координација со Шумската полиција, на целото подрачје презема континуирани мерки. Во изминативе 9 месеци од 2020 година, на подрачјето на Охрид извршени се 12 контроли а исто толку контроли се реализирани и во периодот од првите девет месеци од минатата 2019 година.

На подрачјето на ОВР Струга, во 9-те месеци од оваа 2020 година, извршени се 59 контроли што претставува зголемување во однос на спроведените 42 контроли во истиот период од минатата 2019 година. Против сторителите на овие казнени дела поднесени се кривични пријави.

СВР Охрид и во наредниот период ќе продолжи со активности за сузбивање на овој криминалитет, фаќање на сторителите и заштита на шумското богатство.