Опаѓа бројот на смртни случаи и новозаразени со Ковид-19 во Италија

0
37

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Италија се зголеми за 686 во претходните 24 часа, што е намалување во споредба со вчера, кога беа пријавени 827 случаи, соопшти италијанското Министерство за здравство.

Бројот на новоинфицирани со Ковид-19 исто така се намалува, па денес тој изнесува 26.323 во споредба со вчерашните 28.352, пренесе Ројтерс.

Од почетокот на епидемијата на коронавирус во февруари, во Италија починале 54.363 лица, што е најголем број во Европа по Велика Британија, а регистрирани се 1.564.000 случаи на Ковид-19.