Опожарена барака во Центарот за бездомници во Чичино Село

0
70

Во Центарот за бездомници во Чичино Село синоќа избувнал пожар во една од социјалните бараки. Целосно е изгаснат утрово и нема повредени.

Командантатот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје Владимир Симоновски за МИА изјави дека пожарот бил пријавен во 23.35 часот, локализиран во 00.25, а целосно изгаснат во 7 часот.

Интервенирале со шест возила и 15 пожарникари за да го изгаснат огнот што ја зафатил бараката од 500 квадратни метри, во која немало луѓе