Општина ЦЕНТАР донесе решение за нелегално поставената урбана опрема на гостилница Аманет

0
54

Овластен градежен инспектор на Општина Центар, постапувајќи по службена должност, изврши увид и констатира со записник дека инвеститорот ДПТУ ПРИМЕС КО. ДООЕЛ Скопје, со седиште на улица „Павел Шатев “ бр.2, Скопје, не поседува решение запоставување на урбана опрема челична конструкција обложена со стакло со димензии 10м x 11 м, пред деловниот простор на ГОСТИЛНИЦА АМАНЕТ.

Овластениот градежен инспектор донесе Решение со кое му се наредува на инвеститорот во рок од три дена да ја отстрани градбата – Урбана опрема, челична  конструкција обложена со стакло со димензии 10м x 11 м.

Во овој случај изјавена жалба против првостепеното решение со кое се наредува отстранување на наведените градби не го одлага извршувањето на решението согласно член 137 став 4 од Законот за градење.

Општина Центар нема да дозволи нелегално поставување на градби и урбана опрема со што се оневозможува слободно движење по тротоарите и одвивање на сообраќајот.