Општина Центар ја реконструира улицата Салвадор Аљенде

0
60

Денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изврши увид во градежните активности на улицата „Салвадор Аљенде“ бр. 32 и 34.Оваа улица се наоѓа на почетокот на рекреативно-планинарската патека на Водно и веднаш под Бирото за јавна безбедност.На површина од 1057.5 метри квадратни ќе биде поставен нов коловоз и за првпат жителите во овој дел на Центар, ќе добијат нова комплетно асфалтирана улица. Исто така, одводнувањето на површинските атмосфрески води ќе биде во самиот канал што се наоѓа во непосредна близина на улицата.

 Во овој реон на Центар, досега се реконструирани улиците: „Караорман“, „Бигла“, „Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Капиштец“, „Питу Гули“, „Загребска“ и „Периша Савелиќ“. Општина Центар продолжува со активности за реконструкција на улици кои ќе придонесат за обезбедување подобри услови за живот на граѓаните, како и хуманизирање на просторот со побезбедни услови во сообраќајот и во интерес на жителите.