Отпуштен и последниот ковид-пациент од болниците во Пекинг

363

За прв пат од почетокот на пандемијата на коронавирус во Кина, повеќе нема пациенти со коронавирус во болниците во Пекинг.

Последните двајца пациенти кои биле лекувани поради инфекција со коронавирус се отпуштени денес, соопшти здравствениот одбор во Пекинг, јавува ТАСС.

Од почетокот на епидемијата во Кина, во Пекинг се регистрирани 935 случаи на коронавирус.