Пандев и Елмас се негативни на Ковид 19, ќе играат против Косово

0
78

Сите фудбалери на Наполи се негативни на коронавирусот, објави калчолигашот попладнево.

Оваа вест со нетрпение се очекуваше во Македонија поради фактот што Елиф Елмас 70-тина минути одигра во неделата против Џенова (6-0), а на 8. идниот месец македонската фудбалска селекција го игра досега најзначајниот меч во историјата, полуфиналето во Лига Европа, мечот со Косово.

И капитенот на напиот национален тим Горан Пандев на двата Ковид теста имал негативен резултат иако во неговата Џенова „врие“ од заболени, поради што дури се заканува и прекинување на првенството во Серија А.

Инаку, по правилата во Италија мораа да се тестираат сите во Наполи, а резултатите покажале дека немало ниту еден заразен ниту од фудбалерите, ниту од членовите на стручниот штаб.

All of the tests completed yesterday have returned negative results. The next round of testing will take place on Thursday afternoon #ForzaNapoliSempre

— Official SSC Napoli (@en_sscnapoli) September 30, 2020

Утре за сигурност ќе бидат напревени и нови тестови.

Во Џенова, пак, се појавија 14 позитивни на вирусот. За среќа за нашиот национален тим, Пандев не е еден од нив.