Парондо: Беше тешко да се замине од Скопје, еден ден ќе се вратам во Македонија

0
242

Поранешниот тренер на РК Вардар, а сега селектор на репрезентацијата на Египет, Роберто Парондо, во интересно интервју за „Балкан хендбол“ зборуваше за својата поврзаност со Вардар, Скопје и Македонија, откривајќи дека му било многу тешко да се замине од нашата земја.

„Не само за титулата . Во Скопје и Македонија беше многу добро, за мене и за моето семејство и моите ќерки. Беше многу тешко да се замине од Скопје, но имаше многу проблеми и моравме да одиме понатаму. Сакам уште еднаш да одиме во Македонија, бидејќи беше нешто одлично за нас“, вели Парондо на македонски јазик, кој очигледно го нема заборавено.