Пендаровски го пречека словенечкиот претседател Борут Пахор

0
83

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, со што започна неговата официјална дводневна посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Пахор, се одржува и пленарен состанок на македонската и словенечката официјална делегација, како и заедничка прес конференција.

Двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас.

Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели се пријателските односи меѓу Северна Македонија и Словенија, справувањето со последиците од пандемијата на Ковид-19 и регионалните прашања.

Претседателот Пахор за време на посетата е придружуван од Здравко Почивалшек, заменик претседател на Владата и министер за економски развој и технологија, како и од Матеј Тонин, заменик претседател на Владата и министер за одбрана на Република Словенија.