Пендаровски телефонски разговараше со австрискиот претседател Ван дер Белен

0
25

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Австрија, Александeр Ван дер Белен.

Претседателот Пендаровски остро го осуди синоќешниот терористички напад во центарот на Виена и изрази жалење за загубените животи во овој насилнички акт. Во разговорот, претседателот Пендаровски упати длабоко сочувство до граѓаните на Австрија, како и до семејствата на жртвите и повредените.

Тој изрази подготвеност за сеопфатна соработка во насока на превенција и пресретнување на радикализмот и тероризмот, мотивирани од верскиот фундаментализам. Двајцата претседатели оценија дека синоќешниот терористички акт во Виена е напад врз заедничките вредности во кои веруваме и врз нашиот начин на живот.