Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

0
75

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието.

„Зоран Заев во име на коалицијата ‘Можеме’, која има освоено најголем број пратенички мандати во Собранието, го информира претседателот Пендаровски за преговорите со повеќе партии за обезбедување на неопходното мнозинство во Собранието за избор на новата влада“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.