Пендаровски за Еуростандард: Да се овозможи обесштетување во корист на депонентите

0
333

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, за актуелните случувања во банкарскиот сектор во земјата.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска го информира претседателот Пендаровски за причините за укинување на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД и за активностите што координирано и интензивно се преземаат за обесштетувањето на депонентите да почне во законските рокови, но и порано од тоа.

Соговорниците истакнаа дека е важно да се вложи максимум за побрзо почнување на исплатата на обесштетувањето на граѓаните од страна на Фондот за осигурување депозити и пред законски предвидениот рок од 20 дена.

Претседателот истакна дека е потребно сите надлежни институции да вложат максимални напори за решенија, со кои ќе се овозможи обесштетувањето во корист на депонентите. Исто така, тој изрази очекување дека банкарскиот систем и понатаму ќе биде стабилен.

На средбата претседателот Пендаровски истакна дека е особено важно Народната банка и натаму да продолжи со успешно остварување на своите законски цели и задачи давајќи клучен влог за успешна монетарна политика, за финансиската и макроекономската стабилност на земјава.