Петмина од Ливерпул во тимот на сезоната

0
48

Откако го прогласија Кевин Де Брујне за најдобар играч во изминатата сезона, Здружението професионални фудбалери го објави иделаниот тим во Премиер лигата за сезоната 2019/2020.

Пола од овој тим го сочинуваат фудбалери на актуелниот шампион Ливерпул, по двајца фудбалери доаѓаат од Манчестер сити и Лестер, а еден претставик имаат Арсенал и Барнли.

Голман е Ник Поуп од Барнли, во одбраната помеѓу тројцата од Ливерпул (Трент Александер-Арнолд, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон) има место и за Сојунџу од Лестер.

Во редот за врска се капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон и двоецот на Сити Давид Силва и Кевин Де Брујне.

Нападот го предводи најдобриот стрелец Џејми Варди од Лестер, а друштво му правата Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал и Садио Мане ов Ливерпул. Овие тројца минатата сезона заедно постигнале 63 гола (Варди 23, Обамејанг 22, Мане 18).

Идеалниот тим, формација 4-3-3:

Поуп – Александер-Арнолд, Ван Дајк, Сојунџу, Робертсон – Хендерсон, Давид Силва, Де Брујне – Мане, Обамејанг, Варди.