Петмина починати и 87 нови случаи на Ковид-19

380

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-34, Куманово-13, Тетово-8, Струга-1, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-20, Струмица-2, Берово-1 и тројца во Кичево.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 51 оздравен пациент од Скопје-35, Куманово-1, Штип-4, Тетово-1, Гостивар-1, Пробиштип-2, Свети Николе-6 и еден од Кратово.

Во изминатите 24 часа починати се петмина пациенти, тројца од Скопје (49, 72 и 74 години), пациентка од Струга (53) и пациентка од Берово (57). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.739, бројката на оздравени пациенти е 9.174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 3.021. Денес се евидентира еден контролен тест. Во согласност со новите податоци, статистиката на активни случаи по градови е следна:• Скопје 5.407, активни 1.003• Куманово 1.264, активни 273• Дебар 226, активни 67• Штип 1.043, активни 272• Прилеп 358, активни 37• Тетово 1.137, активни 159• Струга 521, активни 186• Велес 243, активни 28• Битола 184, активни 76• Охрид 306, активни 79• Кавадарци 152, активни 110• Гостивар 645, активни 285• Гевгелија 28, активни 10 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци)• Струмица 51, активни 22• Крива Паланка 28, активни 5• Радовиш 38, активни 10• Крушево 16, активни 2• Кочани 128, активни 34• Пробиштип 69, активни 17• Демир Хисар 53, активни 32• Македонски Брод 65, активни 49• Пехчево 8, активни 2• Берово 14, активни 8• Валандово 8, активни 2• Виница 46, активни 41• Делчево 8, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 15, активни 2• Свети Николе 258, активни 60• Кичево 239, активни 127• Ресен 146, активни 9

• Неготино 35, активни 11 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 126.284 тестирања на Ковид-19.  Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 лица, а вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 7 деца позитивни на вирусот, а еден пациент е суспектен на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани се 78 пациенти. На респираторна машина се три лица.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката за активни случаи по скопските општини денеска е следна: • Чаир – 142• Аеродром – 124• Бутел – 66• Гази Баба – 126• Центар – 90• Карпош – 102• Сарај – 36• Кисела Вода – 78• Ѓорче Петров – 69• Студеничани – 31• Шуто Оризари – 63• Арачиново – 18• Илинден – 14• Петровец – 7• Чучер Сандево – 9• Сопиште – 12• Зелениково – 5• Странец – 3• Нераспределен – 8