По сообраќајка, едниот возач насилно му го зел возилото на другиот и побегнал

0
44

Синоќа во 21:20 часот во СВР Битола било пријавено дека на булевар Први мај во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(37) од Битола и „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(58) од Битола.

Според пријавеното, по несреќата В.Т. со закана со остар предмет го одзел возилото на Д.Т., но набргу бил фатен и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесе соодветен поднесок, информира полицијата