Починат маж најден во велешко, беше исчезнат три месеци

0
282

На 06.09.2020 во атар на с.Ветерско, велешко, покрај стариот пат Велес – Скопје, бил пронајден починат М.Г.(65) од с.Ржаничино – Петровец.

Тој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 02.06.2020.

Бил извршен увид на местото на настанот. По наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје.