Почината жена пронајдена во стан во Капиштец

0
49

Осумдесет и деветгодишна жена од Скопје вчера била пронајдена почината во нејзиниот стан на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал доктор од итната медицинска помош, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.