Починато лице пронајдено во погон во Скопје

59

На 07.12.2022 во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека во погон на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, на еден од меѓукатовите, бил пронајден починат Г.Ѓ.(61) од с.Долно Лисиче, скопско, вработен во погонот.

Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција.