Почнува Премиерлигата, тргнува „машината“ вредна 8.5 милијарди евра

0
50

Битката за 182 милиони евра колку што ќе му припаднат на идниот шампион во англиската Премиерлига стартува денеска.

Во највредното фудбалско натпреварување во светот чии екипи заедно вредат неверојатни 8.5 милијарди евра титулата ја брани Ливерпул, а Манчестер Сити е најголемиот фаворит за нов шампион, барем според обложувалниците.

Избраниците на Јирген Клоп денеска од 18.30 часот против новиот член на елитата, Лидс Јунајтед ја започнуваат одбраната на титулата, додека првиот меч на „граѓаните“, дома против Астон Вила е одложен. Одложен е и мечот меѓу Барнли и Манчестер Јунајтед, а прв меч од новата сезона 2020/2021 е оној меѓу Фулам и Арсенал, со почеток во 13.30 часот.

Меѓу главните кандидати за титулата сезонава се наметнува и Челси кој беше најактивен во преодниот рок.

Од друга страна, Сити го имаат највредниот играч во лигата, Рахим Стерлинг, кој се проценува на 128 милиони евра.

Инаку во ПЛ има вкупно 562 фудбалери, меѓу кои и двајца Македонци. Езџан Алиоски со Лидс и Дани Илиев со Арсенал. Бројот на странски фудбалери во лигате е 363.

Поради коронавирусот, натпреварувањето ќе стартува без присуство на публика.