Походот на Баерн продолжува, преку Севилја до европскиот Суперкуп

0
72

Можеби им беа потребни 120 минути, но победничката низа на Баерн Минхен и серијата на освојувања трофеи продолжи и во УЕФА Суперкупот во Будимпешта, откако со 2:1 ја победија упорната Севилја за прв трофеј во новата сезона.

Дуелот на шампионот од Лигата на шампионите и шампионот на Лига Европа започна изненадувачки со водство на Севилја, откако во 13-тата минута, повратникот во тимот Иван Ракитиќ изнуди пенал, а Луис Окампос ги донесе Андалузијците во водство.

Леон Горецка, човекот кој се трансформираше во вистински столб на Баварците, во 34. минута успеа да израмни на 1:1, а во 50-тата минута, Роберт Левандовски ја смести топката во мрежата, но голот беше поништен поради офсајд.

Севилја успеа да се одбрани дo крајот на мечот, пред во 104. минута, Хави Мартинез по мешаница по еден корнер со гол со глава донесе трофеј за својот клуб, и покрај шпекулациите кои ги поврзуваат со заминување од Германија.